ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Заев мислат само на фотелјите

По изјавата на техничкиот премиер Оливер Спасовски дека изборите ќе се одржат на 5 јули, откако по завршувањето на вонредната состојба во земјава, ќе почнат да течат роковите, од ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека на Спасовски и на Заев паметот им е само во фотелјите…  



„Лошите резултати со кои се соочуваме денес, се последица на лошото менаџирање во текот на изминативе 3 месеци, Комисијата за заразни болести која работи под диктат на Заев и наместо да работат самостојно беа само извршител на диктатите и политички желби на Зоран Заев“, се вели во писмената реакција од опозициската партија.