ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски е одлепен од реалноста

ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на министерот Оливер Спасовски. Од опозицијата тврдат дека возилото со кое била киднапирана Вања Ѓорчевска, неколку дена пред киднапирањето се движелo низ скопските улици.



„Оливер Спасовски започна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици.

Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста.

Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста.

Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница.

Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.

Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи.

Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.

За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.