ВМРО-ДПМНЕ со закана до грчкиот инвеститор за проектот со кој Македонија може да загуби 2 милијарди евра

ВМРО-ДПМНЕ упати дипломатска закана до грчкиот инвеститор Митилинеос дека ќе го поништи законот со кој Македонија може да загуби 2 милијарди евра во скандалозниот проект за гасна централа во Скопје.



Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во емисијата ,,Заспиј ако можеш” со Горан Момироски
и Драган Милосављевиќ изјави дека кога ќе дојде на власт ќе направи ревизија на договорот кој владата сака да го озакони во собранието а со кој грчката компанија ќе добие огромен профит во висина до 2 милијарди евра.

Тоа што законот се носи од техничка влада и што се гласа по брза постапка се две од можните причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ им сугерира на грчките инвеститори да се повлечат од проектот затоа што коганќњмдпјдњ на власт истиот ќе биде ревидиран.

Според експертите ако се донесе законот Македонија во следните 30 години ќе заработи најмалку 1,2 милијарди евра а штетата што може да ја има земјата може да дојде до 2 милијарди евра.

Овој дел од емисијата е од 50 минута во емисијата

Поврзана вест

Единствената која нема да има имунитет и лесно може да заврши во затвор

Која е владината повереничка за криминалниот закон со кој Македонија може да загуби до 2 милијарди евра