ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ, Македонија стана зависна од увоз на струја

Со СДМ,  Македонија станува се повеќе увозно зависна за струја, енергетската иднина е несигурна,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„180 ден од 2023, Извештајот на државните ревизори констатира дека Македонија на долг рок не може да обезбеди сигурно снабдување со струја.

Со СДСм Македонија се повеќе увезува струја, но и јаглен кој во голема мера се обезбедувал од домашни извори.

Во изминатите три години за јаглен, мазут и природен гас се платени над 588 милиони евра.

Непланскиот однос на СДС во енергетиката заедно со нивните криминални навики ја разоруваат енергетската сигурност.

Во изминативе 7 години колку што се на власт СДС струјата е поскапена за 50%, што е резултат на катастрофалните политики во енергетскиот сектор и намаленото производство“, велат од партијата.