Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови.
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Спиридон Сфетас кој е дел од грчката комисија за разгледување на учебниците, во вчерашното интервју дадено за Дојче Веле, во кое, меѓу другото, вели дека „Тито го измисли името Македонија за да го присвои грчкиот дел на Македонија“.
„Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала. СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија“ реагиаат од партијата.




