ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривични пријави против обвинителите во поранешното СЈО кои во текот на четири години од 2015 до 2019 година противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата.
Со тоа тие го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра народни пари.
„4,6 милиони евра, без било каков основ си исплатиле Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова, и другите обвинители од СЈО“ изјави денеска портпаролот Наум Стоилковски.
Тој потсети дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители во декември 2015 година со него е уредено дека вкупниот износ на висината на додатоците не може да изнесува повеќе од 35 проценти од основната плата на јавниот обвинител, додека за висината и начинот за утврдување на додатоците, потребно е јавниот обвинител да донесе посебен акт.
„ Овие обвинители сега се распоредени на обвинителски места низ ЈО низ Македонија, и тие иако компромитирани извршуваат обвинителска работа“ рече Стоилковски. Плусинфо






