Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски денеска во просториите на Државната изборна комисија ќе ја достават Иницијативата за собирање на потписи за укинување на Законот за попис.



Прво треба да се соберат 100 потписи во подрачните единици на ДИК, тие да ги поминат собраниските филтри ид да биде известен спикерот Џафери. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека попис во услови на пандемија е ризик за здравјето на граѓаните. Потсети дека повеќе држави го одложиле пребројувањето. Повика власта ако инсистира сепак да спроведе електронски попис. Комбинираниот метод според Мицкоски не е решение бидејќи во тој случај попишувачите повторно ќе треба да тропнат на вратата на граѓаните.

Од опозициската партија реагираа на изјавата на претседателот Стево Пендариовски дека нема да е крај на светот пописот да се одложи за месец или два и сметаат дека е задоцнета, зашто според ВРО-ДПМНЕ, шефот на државата воопшто не требало да го потпишува законот за попис.