ВМРО-ДПМНЕ со благодарност до СДСМ за новите објавени аудио снимки за Мицкоски

Откако денеска се појавија четири нови аудио снимени разговори во кои се слушаат разговори за кој дел од медиумите пишуваат дека наводно се слушаат гласовите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, осудениот во предметот Рекет Зоран Милески – Кичеец реагира опозицијата која е благодарнна што со објавувањето СДСМ самата покажала дека нема ништо точно во шпекулациите што ги шири во јавноста.



За снимките се претпоставува дека се снимени во периодот на претседателските избори минатата година а во нив се слуша осудениот Кичеец како раскажува за своите теренски активности во Охрид.

ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на аудио снимките во писмено соопштение изразува благодарност за „ваквата петарда на Заев“ за да види народот дека нема ништо зад шпекулациите што ги пушта СДСМ.

„Лов во матно. Нема било што незаконски во објавеното аудио. Очајни се обидите на Зоран Заев и СДСМ да го свртат вниманието на јавноста од вистинскиот рекет и вистинскиот криминал на чие чело седи Зоран Заев“ се вели во соопштението.

Во продолжение е наведено дека лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да одговори на обвинувањата на Бојан Јовановски во вчерашното сведочење дека Зоран Милевски е привезок на Зоран Заев.

„Во дел од сведочењето на прво обвинетиот Бојан Јовановски се дознава дека Заев ги наместил изборите во Охрид и дека имало изборни нерегуларности. Бојан Јовановски вели: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“, се вели во соопштението на опозицијата.

Објавувањето на овие аудио снимки доаѓа во период кога предметот „Рекет“ е во судска завршница и се очекува наскоро пресуда за обвинетите Бојан Јовановски и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, третообвинетиот Милевски призна вина и доби три години затвор. Според обвинението, тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Јордан Камчев, сведок во „Рекет“ во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ кој тогашното СЈО го водеше за него.

Снимките прв ги објави порталот А1он

https://a1on.mk/macedonia/novi-audio-bombi-mickoski-imal-sredba-so-kicheec-dogovarale-intenzivna-sorabotka-za-izborite-vo-zapadna-makedonija/