ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Диво месо“ мора да има правна разрешница

Наместо веднаш да покрене истрага, Јавното обвинителствоповеќе од два месеца молчи и не открива што точно се случувало на Онкологија.



Со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат зошто обвинителството молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале соодветната терапија, зошто не работел КАТО системот на клиниката за Онкологија и кој се заработувал на грбот на болните граѓани од канцер..

„Случајот Диво месо е реалната слика како функционира македонското здравство во владеењето на СДС и ДУИ.

Власта на СДС и ДУИ и за овој скандал е најодговорно и најповикана, бидејќи повеќе од 6 години управува со здравствените институции.

Случајот Диво месо мора да има правна разрешница, кој и зошто се богател на болеста на болните од канцер?

Го повикуваме уште еднаш ЈО да не останува немо и да не бега, туку веднаш да постапи и секој што бил инволвиран во канцер мафијата да биде изнесен пред лицето на правдата.

Мора да се стави крај на канцер мафијата.

Мора секој што се огрешил пред законот да одговара“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.