Со тоа што не се изјаснува за уставни измени со одложено дејство, СДСМ ѝ помага на Бугарија во намерата за национално обезличување и кажува дека ова не е последната уцена на патот кон ЕУ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.



Од опозициската партија бараат објаснување зошто СДСМ е против заштитени национални интереси и интеграција преку уставни измени со одложено дејство.

И двата предлога кои ги даде претседателот Христијан Мицкоски значат зачувување на идентитетот и брза интеграција во ЕУ.

Суштината на првиот предлог е одложената примена на уставните измени со влез на државата во ЕУ.

Со тоа Бугарија од потенцијалем кочничар, станува активно заинтересирана страна што побргу Македонија да влезе во Унијата. И наместо нови блокади, имаме поголема помош.

Што тука кај СДСм е спорно? Или спорно е што ДУИ треба да замине во опозиција?

Суштината на вториот предлог се гаранциите кои треба да се бараат од европските институции за Македонскиот многувековен идентитет, јазик и историја, барање средства за Македонската економија и граѓани и барање Бугарија да реализира 3 пресуди за правата на Македонците таму, овие чекори да ги поддржи партијата која би била опозиција, по наредните предвремени парламентарни избори кои треба да се случат на есен, ако се избере овој предлог.

И двата предлога ја гарантираат интеграцијата, дури и ја забрзуваат, а истовремено го гарантираат идентитетот и оневозможуваат негово оспорување. Што тука е спорно за СДС и зошто не прифаќа?- велат од ВМРО-ДПМНЕ.