ВМРО-ДПМНЕ има сериозни сомненија дека милиони евра од европските фондови се злоупотребуваат преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Се местат тендери, се рекетира, се ограбуваат буџетски средства, а по се изгледа малку им се парите на македонските граѓани, па решиле да ги пустошат и европските фондови, изјави на прес-конференција денеска Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
„За да имате претстава за колкави средства станува збор, само ќе напоменеме дека агенцијата за 2018 година располагала со буџет од приближно 6 милиони евра. Сознанијата кои ги имаме укажуваат на тоа дека преку сомнителни одлуки на сомнителни евалуатори, едни исти невладини организации постојано добиваат голем дел од колачот, а не останале со куси ракави и луѓе кои биле дел од судската власт. Постојат сомненија дека луѓе инволвирани во целиот процес, толку биле охрабрени што дури и преку електронска пошта барале процент од парите кои би биле доделени за одреден проект, а како против услуга ја нуделе нивната помош и посредување. Стотици илјади евра на агенцијата се трошени и на сомнителни набавки кои треба да бидат интерес на органите на прогонот“, изјави Андфоновски.
Извор: Пресинг.Тв.




