За ВМРО-ДПМНЕ тезите на СДСМ и ДУИ за уставните измени по примерот во Хрватска со кои во уставот ќе се вметнат и Бугарите се добро решение.
Со овој модел, Македонија ќе биде држава на еден народ и на малцинствата во неа.
ВМРО-ДПМНЕ денеска дава конкретен предлог како би изгледал македонскиот устав, ако би се земал хрватскиот модел во предвид:
“Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”
Во денешното соопштение ВМРО-ДПМНЕ бара во насока на широкото толкување на уставот и деталниот карактер доколку се прифати моделот Македонија од мултиетничка да стане унитарна држава, само тогаш да се впишат сите малцинства регистрирани согласно последниот попис.
Предходно вчера за разлика од ДУИ од СДСМ не ја отфрлија оваа можност по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и ДУИ се разидоа за ставот на Мицкоски уставот да се менува по хрватскиот модел






