Пукањето во тетовската болница покажа само колку власта нема контрола над ништо, и колку е нарушен и девастиран системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
“Срамно е правдањето на министерот. Живееме во мафијашка држава. И второстепено е прашањето дали има поврзаност со состојбите во здравството.
Не знаеме што е потрагично да има или да нема, а министерот да чувствува дека треба да се правда дека нема врска со здравството, тоа значи дека сепак некој му кажал дека здравството е на колена и дека ваква катастрофа немало од 90-та до денес.
Европската коалиција на СДС – ДУИ- Алијанса оствари уште еден бенчмарк на патот кон ЕУ, се исполни поглавјето за пукање во болница, и ние сме во очекување на некое следно нивно постигнување.
Нема криминална сцена која не се случила со нив, и да има ќе се случи, зошто никогаш не било полошо, и затоа важно е да ги поразиме“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ





