Од ВМРО-ДПМНЕ се јавија со реакција на соопштението на СДСМ.
Тие велат дека од партијата признале дека постои таен имот и бараат институциите да постапат.
Според нив, Антикорупциска е дел од проблемот, бидејќи не реагира.
„Токму Антикорупциска е дел од проблемот зошто не реагира за таен имот од 30 милиони евра, на 123 функционери. Истата антикорупциска која по нарачка го амнестираше дезертерот Ковачевски за Броило.
СДС призна дека постои таен имот. И повеќе нема бегање. И самата претседателка на Антикорупциска во повеќе наврати призна дека постојат дури и функционери кои имаат имот, а кој не е на нивно име. И после половина година за тоа реакција нема. Овие 123 функционери до сега требало да бидат дел од постапки, а не да се кријат. 123 лица кои криеле имот не може да биде системски пропуст. Може да биде само системско криење. Одговорност и оставки веднаш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.





