Откако во рок од две години ја поскапеа цената на струјата за речиси 40 отсто за обичниот граѓанин, сега им текна да се грижат, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на најавите од СДСМ дека се прават последни анализи за враќање на дневната евтина тарифа на струјата.



На лето ќе се врати евтината дневна тарифа на струја, најави Бектеши!?

Од партијата сметаат дека со враќање на дневната тарифа СДСМ нема да успее да го придобие народот.

„Само со ВМРО-ДПМНЕ народот ќе почувствува кој навистина мисли на граѓаните. Сега е доцна да прават ваков ПР-трик откако нè осиромашија нас обичните граѓани, а нивните олигарси се обезбедија со имот и пари за три поколенија во иднина.

Нека знае секое семејство дека со враќање на евтината тарифа ќе добие најмногу 200 денари од СДС за да ги прелажат пред избори, откако не презадолжија со 230 милиони евра кој под плаштот на „енергетска криза” ги украдоа минатата година владејачките структури на ДУИ и СДС кои раководат со енергетските компании“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека „одговорност за ова ќе има, народот знае дека едвај преживува, додека власта на неговиот грб се богати“, велат од партијата.