„Денешната одлука на Судот е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја руши демократијата во државата“, изјави денска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој ги прокоментира изречените пресуди во Случаот „Организатори на 27 април“ во кој беа осудени поранешните државни функционери Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на затворски казни од шест до шест и пол години.
„Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие кој што според вештачењето се докажа дека воопшто и не бил присутен на местото за кое што сведочи“, вели Арсовски.
Портпаролот вели дека целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со, како што рече, дебело криминално досие.







