ВМРО-ДПМНЕ предлага повисоки пензии, од СДСМ велат – ќе има

Зголемување на сите пензии за 20 отсто почнувајќи од април поради поскапата струја и порастот на цените, предлага опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Пратеничката група на партијата веќе ги поднесе законските измени во парламентот.



Од партијата апелираат до парламентарното мнозинство да ги поддржи измените како што заедно, рече тој, биле обединети и за зголемувањето на минималната плата.

Од СДСМ велат дека интензивно ја реализираат програмата за силна финансиска поддршка на граѓанте во време на криза.

Претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски најави дека следен чекор е големо покачување на пензиите.

Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани.