Само што ги поднесовме тужбите во Управниот суд во однос на начинот на кој што се изврши изборот односно верификација на мандатите на останатите односно на дополнителните осум пратеници во Собранието на Република Македонија, соопшти денеска Игор Јанушев.
Од најголемата опозициска партија велат дека во Деловникот за работа на Собранието по членот 17 јасно и прецизно, недвосмислено е пропишано дека единствено може по предлог на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања може да се одвива начинот на кој што се избираат односно се верификуваат дополнително оние луѓе кои што станале пратеници.
Сепак владејачкото мнозинство како и многупати во минатото со една дивоградба впрочем и она што го направија во првите денови по формирањето на Владата е еден типичен пример за ова владејачко мнозинство и оваа Влада.
Значи буквално она што ќе се почне со дивоградба понатаму продолжува да функционира на еден ист и таков начин. вели Јанушев за медиумите и додава дека очекува Управниот суд што е можно побрзо да ги разгледа тужбите.






