Опозициската партија ги наведува скандалите кои се случија од почетокот на годинава, кои, според нив се повеќе од изминатите четири дена.
„Прво, 2024-тата почна со поскапа струја за граѓаните. Додека тие крадат, граѓаните сега ќе плаќаат поскапи сметки и за над 400 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Второ, се раскина договорот за изградба на Чебрен, и тоа бидејќи владата на СДС и ДУИ неколку пати ја менуваа одлуката за изградба на хидроцентралата.
Трето, воздухот и понатаму е енормно загаден, граѓаните дишат отров, а владата на СДС и ДУИ наместо да преземе итни мерки, ги убедува граѓаните дека тоа е само магла.
Четврто, додека на почетокот на годината Али Ахмети прави журки по државни институции и пее песни, негови луѓе им делат боксови и шамари на контролорите на летање во М-НАВ. Додека контролорите на своите работни места во моментот следат, контролираат и управуваат над 40-тина авиони, насилници, лица на ДУИ влегуваат во М-НАВ и тепаат вработени, притоа поминувајќи низ врати кои не би можеле да се отворат, доколку лицето нема дозвола или службена картичка“, додават од партијата.
„Петто, за само три дена од 2024-та година се распишани неколку огласи во министерства, агенции и центри за вработување на дури 135 јавни и државни службеници. Владата на СДС и ДУИ на само неколку денови до избор на нова техничка влада ги вдомува своите партиски војници и
Шесто, додека владата на СДС се фали со покачена минимална плата, молчи за зголемемата плата на функционерите од власта“, велат од партијата.
„И додека граѓаните едвај преживуваат и се борат како да го поминат месецот, владините функционери на СДС и ДУИ ќе земаат уште едно покачување од 400 евра. СДС и ДУИ се најголемото промашување на Македонија. СДС и ДУИ работат на штета на граѓаните. Со СДС и ДУИ на власт никогаш не било полошо и за граѓаните и за државата. Секој ден за СДС и ДУИ повеќе, е ден загуба за граѓаните. Важно е да ги поразиме“, стои во соопштението на ВМРо-ДПМНЕ.






