„Во врска со откажувањето на таканаречениот вонреден конгрес на иницијативата Мериот, сакаме да истакнеме дека уште една инвестиција на Заев пропадна и со тоа е нанесен уште еден пораз на обидот да се инсталира контролирана опозиција“, се вели во партиското соопштение откако т.к.н.Иницијативниот одбор за промени во партијата, соопшти дека се одложува вонредниот конгрес закажан за 28 март.
„ВМРО-ДПМНЕ е реформирана и прочистена партија од компромитирани кадри кои решија да му служат на Заев.
Ништо од приказните и лагите дека имале мнозинство делегати, па дека нив им била намерата да направат промени во опозицијата со тезата – Заев е добар, а ВМРО-ДПМНЕ не чини“, нагласуваат од опозициската партија.





