Македонската опозиција се подготвува да исклучи нови членови доколку тие ги поддржат уставните измени со кои се менува името на државата.
Партиски извори брифираат дека ќе бидаат исклучени не само сите дополнителни пратеници кои што ќе гласаат за промена на уставот туку и сите тие што би им помогнале на пратеници како што тоа беше случај со екс министерот Никола тодоров, потпретседателот Митко Јанчев и екс шефот на УБК Сашо Мијалков кои беа исклучени од партијата поради тоа што помогнаа при остварување на двотретинско мнозинство на 19 октомври кога власта собра 80 пратеници.
Прашањето за нови исклучувања се наметнува откако во јавноста проструија шпекулации дека покрај тие 80 пратеници што гласаа за почеток на уставните промени има и други уценети пратеници од опозицијата кои што би стиснале на зеленото копче со кое се дава поддршка на уставните промени.
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од практиката сите пратеници што ќе се спротивстават на партиската позиција за неменување на уставното име Република Македонија.
Гласањето за промена на уставот е закажано за утре 9 јануари.
Веднаш потоа во зависност од тоа дали некои од пратениците надвор од групата од 7 веќе исклучени пратеници на ВМРО – ДПМНЕ ќе гласа ЗА (од осумте што веќе се исклучени по 19 октомври), централниот комитет на партијата ќе гласа за исклучување од партиските редови.
Ова сценарио го најави и потпретседателот на партијата Александар Николовски во емисијата отворено на Алфа ТВ пред нова година.






