ВМРО-ДПМНЕ падна кога почна да заокружува неистомисленици, СДСМ тргна по истиот пат

Секој има право на свое мислење, на членување во организација, друштво или партија. Но, никој нема право од другите да прави будали и да ги убедува дека иницијативата што ја предводи е без било каква политичка позадина, ова денеска на прес конференција го изјави портпаролката на битолската СДСМ Невена Димовска додека пред јавноста објавуваше фотографија на жената која е една од повеќето предводници на Фејсбук група која се бори против мерките за дигитализација на образованието на министерката Царовска.



„Ова почитувани граѓани, почитувани родители и ученици е Драгана Спасевска, предводничката на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, фотографирана на завршниот митинг на ДПМНЕ во Охрид, на 21 октомври 2016 година”, изјави Димовска на прес конференцијата.

Спасевска е една од десетиците луѓе кои ја формираа групата “Учебници и настава мора да има”, каде не се дозволени партиски и политички памфлети и каде се зборува исклучиво за образовни теми во контекст на реформите на образованието.

Заедно со Спасевска во групата има и други 75 илјади луѓе, меѓу нив и членови и симпатизери на други партии вклучително и од СДСМ но денеска тие се фокусирале само на Спасовска.

Практиката на заокружување на неистомисленици ја започна ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на својот мандат.

Истата практика сега ја користи и владеачката СДСМ.

Деталите за заокружувањето на ТВ Тера