Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати на вчерашните избори за советници на Општината освои БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа.
ВМРО-ДПМНЕ освои четири мандати и 3.332 гласа а СДСМ два мандата и освоени 1.953 гласа.
По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.






