ВМРО-ДПМНЕ реагира по денешната прес конференција на потпретседателот на СДСМ, Коста Петров кој рече дека сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори.
„Никој од ВМРО-ДПМНЕ не спомна брзи избори, а СДСМ продолжува лaжно да ги толкува работите.
Од една страна брифираат датуми за избори, покренуваат полутајни иницијативи за свикување на Собрание, грчевито се борат за фотелјата на Заев, а од друга страна во јавност велат дека се зaгрижени за здравјето на граѓаните“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија сметаат дека СДСМ, со одбивaњето да се свика лидерска средба, покажува нeзрел однос кон најважните прашања во државата.




