ВМРО-ДПМНЕ: Не може Заев поради кој сме во кризи, да биде решение за истите

„Оставката која ја најави и пред изборите и после изборните резултати се единственото нешто кое што Заев има шанса да го оствари и на тој начин да стави крај на агонијата во која ја доведе Македонија“, соопштуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Поразот на Заев од 100 илјади гласови е јасен и гласен сигнал дека на Македонија и требаат промени кои ќе почнат со промената на Заев. Народот бара да престане тонењето на државата, бара да се стави крај на криминалот и корупцијата на власта на Заев, но пред се да се стави крај на тонењето во економската, енергетската и здравствената криза“, се наведува во партиското соопштение.

Не може Заев, човекот поради кој сме до гуша во сите овие кризи, да биде решение за истите“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев мора да замине час поскоро, за доброто на Македонија. Тоа е волјата на народот“, порачуваат од таму.