ВМРО-ДПМНЕ не гласала за ниту еден закон за Бехтел и Енка, бара да се праша ЕУ за скандалозниот договор

Иако во јавноста може да се слушне дека ВМРО-ДПМНЕ во парламентот поддржала законски решенија со кои Бехтел и Енка добиваат огромен тендер од владата, на брифинг на партијата се негира било каква законска поддршка за големата афера.



Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласале односно не го поддржала ниту законот за стратешко партнерство усвоен пред две години иако дел од јавната ја обвинува партијата дека фала зелено светло за скандалозниот проект.

Сепак вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ не дала поддршка за проектот кој може Македонија да ја доведе во должничко ропство, е пораката од брифингот на ВМРО-ДПМНЕ на кој присуствуваат лидерот Христијан Мицкоски и потпретседателот Владо Мисајловски.

ВМРО-ДПМНЕ не гласала за ниту еден закон за Бехтел и Енка а одговорот зошто е тоа така може да се провери во ЕУ од каде се очекува став за скандалозниот договор.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува новинарите да прашаат во канцеларијата на ЕУ во Скопје дали овој договор е во согласност со европските вредности.

Европската унија досега не се изјаснила за договорот кој според многу параметри е далеку од правилата на унијата.

Поврзани вести

Се до Ковачевски и Груби Македонија била заштитена од должничко ропство https://www.expres.mk/skandalozniot-dogovor-so-behtel-i-enka-bil-nuden-na-povekje-vladi-od-1999-duri-ni-zaev-ne-go-prifatil/

Бехтел и Енка ќе добијат 178 милиони евра од владата само за април, без пеналите