Од ден на ден сѐ по очигледно станува дека СДС намерно не го прифаќа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за заштита на македонскиот идентитет, бидејќи ги штитат своите властодржци, а тоа се Али Ахмети и ДУИ.
Освен заштита на ДУИ, исто така станува јасно дека заедно сакаат да изведат уште едно предавство кон македонскиот народ, но овој пат тоа нема да им успее, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„За нас нема дилема, нема поддршка за уставни измени под бугарски диктат и овој став нема да се промени.
Народот е тој што се прашува на оваа тема, а тој е јасен и гласен и ВМРО-ДПМНЕ нема намера да оди против својот народ.
Се бројат уште неколку месеци кога граѓаните ќе го пратат СДС во историјата, а ќе останат запаметени како криминалци, кои ги разочараа граѓаните на сите можни полиња“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






