ВМРО-ДПМНЕ најавува огромен скандал со злоупотреби од Заев

Утре во 10 часот ВМРО-ДПМНЕ ќе обелодени докази како Зоран Заев го има окупирано системот и ги користи институциите за партиски цели.



“Цел на злоупотребата на лидерот на СДСМ е шиканирање на ВМРО-ДПМНЕ, наши кандидати, функционери и активисти. Овој случај ќе ja извади на површина вистината како функционира власта на Заев, и зошто е наречена хибриден режим. Доказите обелоденуваат дека државниот апарат работи за партијата на власт, а не за граѓаните. Тоа е злоупотреба на систем каква не памети пост воена Европа”, стои во најавата на партијата.