ВМРО-ДПМНЕ надмина 26 проценти доверба меѓу граѓаните според најновата анкета на Маркет Вижн нарачана од МКД.мк со што разликата пред СДСМ е неверојатни 14 проценти.
За само десет месеци ВМРО-ДПМНЕ успеала за речиси 5 проценти да го зголеми бројот на своите поддржувачи меѓу граѓаните а за истиот време СДСМ загубила речиси три проценти од својот рејтинг со што падна под 10 проценти доверба.
Трендот на партиите од оние испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат, во споредба со претходните анкети на МКД.мк, покажува голем раст на определеноста на гласачите за ВМРО-ДПМНЕ – од 21,8 отсто во февруари 2023 до 26,7% во декември.
Кај СДСМ опаѓа популарноста кај испитаниците кои се определиле – од 12,4 % во февруари до 9,2 % во декември.
Кај ДУИ, како партија која е дел од владеачката коалиција, регистриран е раст кај определените гласачи – од 8,2 во февруари на 9,7 % во декември.
Кај албанскиот политички блок, опозициската тројка, Беса, Алтернатива и Демократско движење на Изет Меџити, се далеку од процентот на популарност на ДУИ.
Пад на популарноста кај определените е регистриран и кај Левица – од 7,1 отсто во септември годинава, на 6,6 % во декември.
Анкетирањето е спроведено од 8 до 15 декември со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.067 испитаници со интервал на доверба 95% и маргина на грешка +-3%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Со ваков тренд премиер на нормална земја би дал оставка и никогаш повеќе не би се занимавал со политика
Ковачевски длабоко во ,,офсајд”, ќе брка три пати помала доверба од Мицкоски





