Затоа има пратеници за предвремени избори

На Ковачевски и Зечевиќ не им се плашат ниту во СДС, затоа се повеќе пратеници се за предвремени избори. Мнозинството во СДС се за избори, и Ковачевски и Зечевиќ тоа го знаат, и затоа се плашат, зошто се уплашени за своите кариери, велат од ВМРо-ДПМНЕ.
Тие потенцираат дека само Ковачевски и Зечевиќ се против предвремени избори, зошто знаат дека после тоа нивните политички кариери се завршени.
– Ако некој им се плашеше на Ковачевски и Зечевиќ немаше половина партија да им заговара избори. Повеќе од половина СДС не гледаат излез од ќорсокакот во кој ја втурнаа државата Ковачевски и Зечевиќ. Ковачевски не сака избори за да може да продолжат тендерите и бизнисите на неговиот кум уште некој месец повеќе. Ковачевски не сака избори за да можат уште некој месец повеќе бизнисите на неговото најтесно семејство да се шират низ Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираат дека Ковачевски не сака избори, зошто додека Македонија страда неговото семејство врти милионски бизниси.
– За да продолжи со криминалите Ковачевски е верен калфа на Ахмети, тој мора да ги слуша пораките од Зајас, но и од Струмица. Ковачевски е заложник на Ахмети и кланот од Струмица, а Македонија заложник на неговата желба за власт некој месец повеќе. Ваквата коалиција на хаосот е надоградена со Левица на локално ниво, и тие ја упропастуваат иднината на државата и народот. Излез се само предвремени парламентарни избори. Македонија не смее да биде заложник на криминалните кариери на Ковачевски и Зечевиќ, стои во реакцијата.
Од СДСМ претходно соопштија дека се поголем бил стравот на ВМРО-ДПМНЕ од Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ, откако Христијан Мицкоски доживеа катастрофален пораз на првото изборно соочување во Маврово и Ростуше и Центар Жупа.
Поттикнати од страв, од преполни сали низ државата од кои ечеше поддршка за европска иднина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со лаги и манипулации, знаејќи дека на парламентарните избори во 2024, со тандемот Ковачевски Зечевиќ ги чека уште еден изборен дебакл, соопштија од СДСМ.





