ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, а Министерството за здравство на власта ѝ служи само за тендери

Од опозициската партија се огласи со соопштение по смртта на 6.годишно девојче, во кое се вели дека грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта.



„Луѓе умираат, но македонското здравство не открива причини, туку само констатира. Ковачевски го распадна здравството. Од еден министер кој бараше аплаузи, а ништо освен провизии за себе не правеше, до друг министер кој добил хациенда за коалиција.

Министерството за здравство на власта и служи само за тендери, а за пациентите никој не води грижа. Одговорност за случајот со Јана и за сите останати нерасветлени ќе има. Уште првиот месец по смена на власта“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.