ВМРО-ДПМНЕ: Кој ќе профитира од авио-билетите по 500 евра за мечот Македонија-Португалија!?

Дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, за мечот Македонија-Португалија во Порто, а ќе чини 500 евра по човек, ќе биде преку туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби? 

Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра. Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра“ – пресметаа од опозициската партија.