ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во дебатата за уставните измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот.
-Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе стане јасно дека за нив власта нема мнозинство, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ за МИА.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред неколку дена кажа дека за тоа како ќе настапува пратеничката група на Комисијата и на седницата, рече дека ќе се консултира со Пратеничката група.





