Остануваме на ставот дека нема да гласаме за составот на Влада, а на СДС е дали ќе одбере да ги почитуваат законите или ќе ги крши, со што ги открива намерите за загрозување на изборниот процес, се вели во денешното соопштение од најголемата опозициска партија.
„ВМРО -ДПМНЕ ќе предложи министри и заменици согласно законот за техничка влада, без да го гласа техничкиот премиер Џафери од ДУИ.
Правото не познава предлози за министри со „празно место”, Влада не се гласа поединечно, туку во целина“ це вели во соопштението од партијата.





