ВМРО-ДПМНЕ: кривични пријави против 200 лица за референдумот

На вечерашнава седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ било одлучено веќе утре партијата да поднесе пријави против 200 претседатели, заменици и членови на избирачки одбори во  општините Струга, Центар Жупа, Киќебо, Желино, Пласница и Сарај поради, прекршување на изборниот процес за време на референдумот во неделата.



Потпретседателот Александар Николовски изјави дека пријавите за сите нив, како и за против припадници на МВР, се поради злоупотреби, несовесно работење, злоупотреби, изборни измами и фалсификат на денот на референдумот.

ЦК на партијата ги разгледа и ги потврди  вчерашните заклучоци на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на непризнавање на референдумот, барање за назначување Јавен обвинител од редовите на опозицијата, анкетна собраниска комисија за испитување на неправилностите во врска со референдумот.

Исто така, од најголемата опозициска партија бараат формирање на техничка влада на 100 дена пред изборите.

На централниот комитет било побарано фрмирање општински одбори за претстојните избори кои би функционирале се до претседателските избори идната година.

ВМРО-ДПМНЕ не го признава референдумот – на избори само со техничка влада (ВИДЕО)