Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот спикер Талат Џафери кој, спорерд нив, не им дозволи да зборуваат на денешната седница на која на дневен ред е интерпалецијата за мининистерот за внатрешни Оливер Споасовски.
Џафери им соопшти дека не ја поднеле навреме листата со говорници, како што се предвидува во членот 49 од собранискиот Деловник, односно 24 часа пред почетокот на седницата.
Наместо вчера во 11 часот, рече тој, од ВМРО-ДПМНЕ ја доставиле листата во 14 часот.
Пред да ја напуштат седницата, координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски, му порача на Џафери дека ќе му поднесат интерпелација.
„Ова е првпат на најголемата опозициска партија и најголемата партија по број на пратеници да не ѝ се дозволи да расправа по работа на еден министер. Ја одземате можноста да дискутираме за важно прашање, не дозволувате опозицијата да продолжи со дискусии. Бегате од тоа опозицијата да дискутира како за денешната така и за интерпелацијата на Маричиќ и Николовски. Ние немаме право да дискутираме. Ова не е демократија, ова се типични потези на тоталитарно однесување. Ние како пратеничка група ќе ја разгледаме можноста за поднесување интерпелација и за вас и ќе ви дозволиме сами да си играте Собрание, нема да бидеме овде параван на вашето авторитарно однесување“, рече Мицевски.
На ова Џафери одговори:„Основен виновник сте си самите вие кои не го почитувате Деловникот… Со задоволство ќе ја дочекам вашата интерпелација, јас работам според Деловникот. Дотогаш е ваша волја и одлука што ќе правите за дневни политички артикулации и поени“, рече Џафери.







