ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе поригорозен Кривичен законик во делот на злоупотреба на службема одговорност и злосторничко здружување од тој што денеска го ублажија СДСМ, ДУИ и АА, најавува пратеник на најголемата партија која извесно ќе победи на следните избори.
Одговарајќи на прашање на граѓанин дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати законот кој денеска во два члена го ублажи власта која се соочува со прогон за корупција инкроминал пратеникот Бране Петрушевски вели дека идната власт ќе донесе поригорозен закон од тој што беше досега на сила.
Петрушевски на статус на новинарот Богдан Илиевски одговара на обвинувања на Левица дека ВМРО-ДПМНЕ не направила кворум на седницата за промена на Кривичниот законик затоа што власта имала доволен број пратеници за да помине законот.
Според мапата на пратеници која ја дава Илиевски и без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ законот ќе бил изгласан од власта затоа што за овој закон со 65 присутни пратеници од власта доволно било ЗА да гласаат 35 пратеници односно законот ќе поминел и без 33 народни избраници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласале против.
Целата дебата на овој линк






