ВМРО-ДПМНЕ: Карпош ќе стане бетонска џунгла со СДСМ и ДУИ

СДСМ и ДУИ од Карпош прават тесно инфраструктурно грло, за „Пуцко Петрол“ да направи бизнис од 600 милиони, а Стевчо Јакимовски неуморно се бори за бизнисот фирмата блиска до власта, обвинува ВМРО-ДПМНЕ..



„Карпошани со СДС и ДУИ кои го држат Јакимовски добија бетонизација, наместо урбано и хумано живеење.

Една од најзелените населби во Скопје со СДС и ДУИ се претвора во бетонска џунгла.

Со ДУП-от кај Алумина ќе се отежни протокот на луѓе и возила, ќе се зголеми метежот, ќе нема доволно нови паркинг места.

Со планот на СДС и ДУИ туркан од Јакимовски Карпош би доживеал колапс, затоа ВМРО-ДПМНЕ го блокираше ДУП-от, кој е чист бизнис интерес на власта“, се вели во денешното соопштение од партијата.