Од 2 милиона и 500 илјади граѓани со македонско државјанство до сега патна исправа извадиле 1 милион и 200 илјади граѓани. Остануваат некаде околу 1 милион и 300 илјади.



Ковачевски: Откако ќе разговараме со Грција ќе одлучиме да го одложиме рокот за промена на документите

Тие 1 милион и 300 илјади не можат да бидат издадени до февруари, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Од тие причини ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе претставка до Уставниот суд за ставање вон сила на делот од Законот за патни исправи со кој се обврзуваат граѓаните да ги сменат своите патни исправи до февруари.

Дополнително што власта ја оставила државата и без обрасци за патни исправи. Интенцијата на власта е да се создаде дополнителен хаос и компликации.

Опозициската партија обвинува дека власта создаде хаос со неспособноста да организира издавање на патни исправи.

Заради неспособните Ковачевски и Спасовски илјадници граѓани два месеци наназад чекаат на минусни температури и по неколку часа на ден, за да дојдат на ред да се сликаат за нова патна исправа, се вели во соопштението од опозициската партија.