Најголемата опозициска партѕија со ново прашање и обвинување околу пропустите, како што велат“ околу истрагата за убиствата на велечанецот Панче Жежовски со чие  возило била пренесувана киднапираната, а подоцна и убиена Вања Ѓорчевска.



„Спасовски и МВР со денови молчат и кријат дека возилото на настраданиот велешанец три дена било во Скопје пред кобниот 27 ноември. Тие не кажуваат зошто ова возило не било пријавено со централна објава иако кога било нотирано исчезнувањето на Панче, бил пријавен за исчезнат и неговиот цитроен. Спасовски и МВР молчат и не кажуваат дали е точно дека на 24 ноември возилото е забележано на камерите на Сејф Сити во населбата Маџари во Скопје, а потоа и следниот ден на 25 ноември, три, односно два дена пред да се случи трагичниот настан.

Дали ако полицијата реагирала навреме, односно ако истрагата за исчезнувањето на велешанецот Панче се спроведувала соодветно, немало да се случи грабнувањето на Вања?

Спасовски и МВР треба да кажат како е возможно возило на исчезнато лице, возило пријавено во МВР да помине на десетици метри од најобезбедуваниот периметар во Македонија и во регионот во тоа време, непосредно во близина на хотелот Александар Палас. Буквално на Спасовски му поминале пред нос“ обвинуваат од опозициската партија.

Оттаму додаваат дека ова се сериозни прашања за кои МВР, Спасовски и СДСМ треба да одговорат.