Седницата за интерпелација на Спасовски без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ задоцниле со поднесување на листа на говорници за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и наместо вчера во 11 часот, листата ја поднеле во 14 часот.



Тоа за собранискиот претседател, Талат Џафери е спротивно на Деловникот кој предвидува листите да се поднесат 24 часа пред одржување на седницата, која денес почна во 11 часот.

Поради тоа што списокот на говорници не им е прифатен, Никола Мицевски, кажа дека ова е со цел да се замолчи опозицијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.

„Пратеничката група нема да ви биде овде за да биде параван за вашето однесување. Колегите ќе ве одбранат Спасовски, ама немавте можност да чуете што мислат граѓаните“, рече Мицевски и ја напушти салата со останатите пратеници.