Попретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вечерва е разрешен од партиската функција неофицијално објавуваат повеќе извори.
Јанчев кој е градоначалник на Кавадарци отворено лобираше за излегување на референдумот и тој лично излезе и гласаше против.
Вториот функционер кој е исклучен од партијата е Костадин Богданов кој е дел од таканареченото реформаторско крило кое што не е под контрола на врвот на партијата.
Повеќе информации се очекуваат по завршување на вечерашниот Централен Комитет на партијата.





