„Силно понижување е исфрлањето на Ковачевски од фотографијата на Петков“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Таквиот чин е директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков.
Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски не го редат ниту на фотографија.
Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија?
Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?“.






