ВМРО-ДПМНЕ: Има ли привилегирани и – граѓани од „втор ред“ кои мора да плаќаат сметки!?

Во ситуција во која жителите на едно населено место не плаќале толку долго струја отвора низа на дилеми, а надлежните мора да дадат одговор на низа на прашања, велат од ВМРО-ДПМНЕ за „случајот Слупчане“ каде жителите трупаат милионски долгови кон ЕВН, додека „со само две неплатени сметки ЕВН гаси струја во сите населени места во Македонија.



Од опозициската партија бараат:
Прво, Владата на ДУИ и помалиот коалициски партнер СДСМ и министерот за економија, Крешник Бектеши да кажат што е договорено во Слупчане во однос на плаќањето сметки за струја?
Второ, дали Владата која се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплати долговите?
Трето, дали Владата ќе оди до таму да дозволи евентуално повисоки сметки за струја на државно ниво за да се покрие разликата?

Во партиското соопштение се вели дека „оваа ситуација ги дели граѓаните, на привилегирани и на граѓани од втор ред кои мора да си ги плаќаат сметките.
Ова што се дозволува е недозволиво непочитување на правни норми!
Решение на ваква драма очигледно не може да даде оваа Влада на ДУИ и помалиот коалициски партнер СДСМ, Влада во која министерот Бектеши за ваков скандал коментира „слупчанци се чесни граѓани“ – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.