Искрениот коментар на холандскиот амбасадор, им ја потопи кампањата за европскиот фронт на ДУИ и СДСМ, државата страшно застранила од европскиот пат, велат од ВМРО-ДПМНЕ по посетата на Јан Коп на Мала Речица
Јан Коп отиде кај Али Ахмети и му кажа дека Македонија не влегува во ЕУ со ваква корупција
„Политичкото влијание на ДУИ и СДС врз правосудството се гледа и по ослободувањето на бандитите од ДУИ кои упаднаа во М-НАВ, едниот оди на работа со луѓето кои ги тепал, 4 не се достапни за полицијата, а другите се дома, и тоа не за учество во маалско семејна тепачка како што Ковачевски сака да претстави, туку за организиран упад во контрола на летање. Нема толкав криминал што може ДУИ да направи, а судиите под нивна и контрола на СДС да не го амнестираат.
Правосудството е целосно во канџите на власта, а притисоците се секојдневие“, додаваат од опозициската партија.





