Артан Груби пред институциите ќе треба да одговара за луксузниот локал во сопственост на неговиот брат кој го купиле за половина милион евра. Дури и да е точна верзијата на Груби дека локалот чини само 100 илјади евра, тогаш повторно треба да одговори како може на атрактивна локација неговото семејство да купи деловен простор за 700 евра по квадрат, а реалната цена да е над 2.000 евра по метар квадратен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Артан Груби треба да им објасни на институциите како шалтерскиот работник во нивната семејна туристичка агенција отворил компанија за баждарење и за истата добил акредитација од директорката на Бирото за метрологија, која е кадар на ДУИ.
Груби треба да им објасни на институциите како истата негова омилена директорка се стекнала со луксузна хациенда на Попова Шапка и истата не ја пријавила во анкетен лист. Патем таа директорка набавила и комбе за 600 илјади евра, односно за три години спровела три сомнителни јавни набавки тешки 2 милиона евра, веројатно затоа што се чувствува заштитена од некој силно позициониран сопартиец.
Груби треба да им објасни на институциите дали тој создал октопод околу себе кој се богати, додека народот осиромашува“, се вели во соопштенмието од ВМРО-ДПМНЕ.






