„ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со г. Стево Пендаровски, и ќе ги преиспита практично политиките што ќе ги води во однос на кабинетот на Стево Пендаровски“ изјави по денепната средба на Водно лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека како и во минатото, со доделување на мандат за состав на влада на Зоран Заев, и вој пат се приватизирани институциите, заробени за личен и партиски интерес, а на сметка на интересите на граѓаните. со тоа што „пратеникот Зоран Заев го доби мандартот откако го уверил претседателот Стево Пендаровски дека ќе работи на парламентарно мнозинство“, изјави Мицкоски по средбата, на која беше придружуван од пратеничката Гордана Сиљановска.






