Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара да се објават имињата на лицата кои во серијалот „рекетарски приказни“ на новинарот Бранко Героски се именувани како „Кики” и „Фрики”.
„Дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници“, реагира ВМРО – ДПМНЕ.
„Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала?
Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта. Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело“, велат од опозициската ВМРО – ДПМНЕ.
Извор: Плусинфо





