Човек близок до првиот вицепремиер Артан Груби купил хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје–Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278 м2 на фирма блиска до Груби.
Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра.
Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена?
Која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра?
Дали продажбата е услов за потпишување на договор на власта со таа градежна фирма и дали станува збор за рекет?
ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






