ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник

ДУИ треба да влезе во полициски билтен како криминална структура, а не во учебник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Во исто време Ковачевски треба да биде впишан како слуга на криминалот. Тој има навистина тешка работа: наутро треба да ја слуша Струмица, а навечер Зајас. Ако погреши, нема да помине неговиот сопствен бизнис“, се додава во соопштението од страна на опозициската партија.

„Тоа што ДУИ влезе во учебниците, значи дека Владата си игра играчки со образованието во Македонија. Кога станува збор за ДУИ таму нема ништо образовно, туку само криминално“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.